Внимавајте ако полните гориво во Италија

Трошоците на танкање на резервоарот може да се зголемат без воопшто да го сфатите тоа…

Имено, за резервоар од 50 литри тоа е дополнителен (можен) трошок од 10 евра по полнење.

Во Италија, возачите треба внимателно да проверат дали не сте на пумпите каде што работникот ве полни со гориво – затоа што тоа може да чини повеќе. На некои бензински пумпи се прикажани цените за сопственото полнење гориво (fai da te) и за услугата кога вработен ќе ве наполни гориво (servito).

Гледајќи ја табелата со цени не открива колку ќе платите бидејќи на каса ќе ве чека непријатно изненадување, доколку вработен ви помогне да наполните гориво, услугата може да чини повеќе од 20 центи за литар.

За резервоар од 50 литри тоа е дополнителен трошок од 10 евра по полнење, предупреди германскиот автомобилски клуб (ADAC).

Исто така, ризикувате да платите доплата дури и ако самите сте го наполниле горивото бидејќи тоа може да се случи ако користите пумпа која наведува доплата. Затоа треба внимателно да погледнете дали има некаде натпис – servito.





НАЈНОВИ