VW има нов под бренд и автомобил во Кина

Со новиот автомобилски под -бренд Германците го напаѓаат овој огромен пазар

Како дел од својата стратегија „Во Кина за Кина“, Volkswagen се обидува да го стабилизира својот удел на пазарот, кој е загрозен од налетот на голем број кинески марки. Германскиот производител на автомобили го претстави првиот модел на новата подмарка на Volkswagen: ID. UNYX. Новата марка и новиот SUV делат име, па електричното SUV Coupe ќе се вика ID. UNYX, како и цела нова подмарка на автомобили, која наскоро ќе биде проследена со нови возила.

Volkswagen вели дека новиот автомобил има прогресивен дизајн, паметен интерфејс човек-машина (HMI) со персонализиран 3D аватар и опсег од повеќе од 600 километри. ID. UNYX е наменет за кинескиот пазар и е најновата фаза во развојот на интелигентни мрежни возила од Volkswagen. Со новиот модел Volkswagen отвора и 40 продавници во 20 градови кои ќе го носат името UNYX.

Планирано е проширување на палетата на модели на новиот подбренд на Volkswagen ID. UNYX со уште четири возила во следните три години покрај новооткриениот автомобил. Ова ќе вклучува SUV модели, како и седан (лимузински) изведби.

ID. UNYX е создаден во новиот центар за иновации и развој на Volkswagen во Хефеи, источна Кина, пренесуваат специјализираните портали. Оваа локација е фокусирана исклучиво на развојот на најновата генерација паметни електрични возила за локалниот пазар. ID. UNYX се произведува и во Хефеи, една од најнапредните фабрики за електрични возила на групацијата Volkswagen.

Автомобилот го придвижува електричен погонски мотор од 210 kW (286 КС) на задната оска. Моторот се напојува со батерија од 77 kWh (нето). Погонскиот систем може да постигне опсег до 621 km. Планирана е и верзија со погон на сите тркала со два електромотори и моќност од 250 kW (340 КС).





НАЈНОВИ