За два месеци примени се 50.000 нарачки за новото Peugeot 3008

Французите очигледно само фаќаат „залет’, и тоа мора да се признае многу добро, со ретата генерација на 3008….

Само два месеци по лансирањето, Peugeot може да се пофали дека веќе има добиено 50.000 нарачки преку својата мрежа на концесионери низ Европа. Една четвртина од нарачаните возила се електрични модели Е-3008, главно со врвна GT опрема.

Компактниот Fast back SUV модел моментално е достапен на пазарот на ЕУ со две варијанти на погонски агрегат. Целосно електричната варијанта нуди мотор од со моќ од 210 КС и батерија со енергија од 73 kWh, додека благиот (mild) хибриденпогон – 136 e-DCS6 привлекува клиенти кои го избираат најдоброто од двата света, сметајќи на мала потрошувачка.

Целосната динамика на 3008 ќе биде доловена кога на гамата ќе се додаде и plug-in хибридниот 195 e-DSC7, како и две електрични верзии со батерија со моќ од 98 kWh – долг домет со 230 КС и автономија од 690 km, и најмоќната верзија што ќе испорачува 320 електрични коњи со интегрален погон на сите тркала. Имено, ова е првата верзија на францускиот SUV модел кој нема да се произведува со дизел мотор, а со кој 3008 доби милиони клиенти низ Европа.

Овој успех ја нагласува целта на Peugeot да ги поддржи своите клиенти во нивното влегување во електромобилноста, носејќи на пазарот возила што ги задоволуваат нивните потреби. Особено што во рамките на 50.000 нарачки, секој четврти 3008 беше со чисто електричен погон, што е над просекот во сегментот.

Замислен, развиен и произведен во Сошо, Франција, атрактивниот SUV ја отелотворува француската технолошка извонредност и ги подига претходно наметнатите стандарди во сегментот со својот храбар дизајн и понапредна технологија.

Дополнително, новиот заоблен панорамски i-Cockpit го подигнува уживањето во возењето на ново ниво. Интуитивното корисничко искуство, комбинирано со ергономски контролен панел и дигитални контроли, е подобрено со широк опсег на поврзани услуги.

Новиот Peugeot E-3008 е стандардно опремен со програмата Peugeot Allure Care, која ги покрива електричниот мотор, полначот, погонската група и главните електрични и механички компоненти, гарантирајќи им за период од 8 години или изминати 160.000 km. Толку, всушност, е гаранцијата на францускиот производител за овој склоп и на  битните компоненти, што ја следат електромобилноста, односно иднината на патната мобилност што ја нуди францускиот производител.

 





НАЈНОВИ