Кинескиот Zeekr потврди дека ќе започне со продажба на новиот електричен crossover модел 7X на крајот на оваа година…
Што се однесува до димензиите, должината на новиот crossover модел е 4825 mm, ширина 1930 mm, висина 1656 mm, додека растојанието помеѓу оските е 2925 mm.
Според кинеските медиуми, цената на автомобилот би можела да биде меѓу 240.000 и 350.000 кинески јуани (односно пресметано во европски банкноти од 30.335 до 44.235 евра), во зависност од пакетот опрема.
Zeekr 7X презема некои од стилските и техничките решенија од седанот Zeekr 007, вклучувајќи го и LED панелот на предната страна.
Се претпоставува дека автомобилот ќе добие платформа PMA2+ со архитектура од 800 волти, а основниот Zeekr 7X ќе биде опремен со батерија која може да се полни за 15 минути до ниво од 80% од капацитетот, што ќе даде опсег од 500 км.
Моторот од моделот Zeekr 007, кој треба да се користи и во 7X, произведува моќ од 422 КС и доаѓа со погон на задните тркала.
Верзијата со погон на четири тркала пак, има два електромотори со вкупна моќ од 646 КС.