Знаете ли колку поевтинија батериите на EV во последните 15 години?!

Една нова студија на американското Министерство за енергетика (DOE) заклучува дека цената на батериите на електричните возила паднала за огромни 90 отсто помеѓу 2008 и 2023 година, што им олеснува на производителите на автомобили да го намалат јазот во цените помеѓу возилата со мотори SUS и електричните возила….

Така вели студијата, но ние би додале дека јазот е сè уште преголем, особено ако мислите на електричната мобилност како доминантна форма на патниот транспорт.

Според тоа што го пренесуваат специјализираните портали, падот на цените на батериите се случил благодарение на подобрувањата во технологиите и хемијата на батериите, новите производствени процеси и значителното зголемување на обемот на производството.

Цената на литиум-јонската батерија падна од 1415 USD/kWh (американски долари по Киловат Час) во 2008 година на 139 USD/kWh (долари по киловат Час) во минатата 2023  година.

Разликата е помала ако вклучите 15 години инфлација, но падот е сè уште 1.000 долари кога ќе се прилагоди на актуелната реална вредност на тековните американски долари.

Батеријата од 81 kWh во Tesla Model Y би чинела 114.615 долари во 2008 година, во споредба со 11.259 долари во 2023 година.

Се претпоставува дека до крајот на оваа деценија, споредливите електрични автомобили (во иста класа) ќе бидат поевтини од автомобилите на класичен погон  (бензин).

 





НАЈНОВИ