Зомби автомобили во Европа!

Некој клиенти купиле нова Fiat Multipla,  потао „нова“ Honda Prelude, и BMW Z3 неизлезен од продажен салон…

Некои модели престанаа да се произведуваат на крајот на минатиот милениум, но сепак се појавија на листата на продажба на нови автомобили. За така наречените „зомби автомобили“, кои повремено се појавуваат на продажните листи на нови автомобили, редовно пишуваме за случаи од американскиот пазар, каде во податоците за продажбата најчесто се појавува Dodge Viper, кој со години не се произведува.

Сега имаме слична појава на европскиот пазар. Можеби најекстремните случаи се однесуваат на италијанската автомобилска индустрија, односно модели на италијански брендови. Верувале или не, некој годинава купил нов Fiat Multipla, модел кој не се произведувал 14 години, пишуваат новинските агенции.

На листата се и три Alfa Romeo, модели Alfa Romeo 147, Alfa Romeo 159 и Alfa Romeo GT, односно производи повлечени од гамата пред повеќе од една деценија.

Да споменеме уште постар Fiat, моделот Barchetta, кој не се произведуваше цели две децении.

Еден од поинтересните модели на листата е Honda Prelude. Последниот примерок е произведен во 2001 година и навистина е нејасно како завршил во продажните записи.

Сепак, како најекстремни примери ќе ги споменеме Rolls-Royce Corniche и Jaguar XJS, модели кои престанаа да се произведуваат во 1995 година.

Да кажеме и дека станува збор за податоци собрани од Dataforce, во кој се вклучени земјите од ЕU и ЕFТА.

Верувајте, има поинтересни модели кои веќе не ги ни гледаме на нашите патишта. Овие резултати беа објавени од Dataforce, чиј аналитичар Бенџамин Киблс (Benjamin Kibles ) изјави за Motor1:

“Извештајот ги прикажува само првите регистрации на автомобили. Се согласувам дека е збунувачки да се видат такви стари автомобили на списокот. Се чини дека има залиха од оние автомобили кои претходно не биле регистрирани за користење на патиштата. Во Dataforce не сакаме да направиме промена на која било од информациите што ги добивме од властите за регистрација, освен ако не можеме да бидеме 100% сигурни дека тоа е грешка“.

Извор: Motor1.com





НАЈНОВИ