Stelantis повлекува повеќе од милион возила во САД

Stellantis одлучи да повлече повеќе од милион возила во САД поради софтверски проблем што може да спречи прикажување на слики од задна камера, се вели во извештајот објавен во вторникот, кој влијае на моделите Chrysler, Dodge, Ram и Jeep…

Повлекувањето, кое опфаќа 1.033.433 возила, влијае на 19 модели произведени помеѓу 2021 и 2023 година, според Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA).

Chrysler: Погоден е моделот Pacivica произведен од 2021, до -2023 година.

Dodge: Погоден е моделот Durango произведен од 2021, до 2022 година .

Rаm: Засегнати се моделите Rаm 1500 од 2022 година, Rаm 2500 oд 2022 година, Rаm 3500 од 2022 година и од 2022  и 2023 година моделот Promaster.

Jeep: Засегнати модели се Compass 2022-2023, Grand Cherokee 2021-2023, Grand Wagoner 2022-2023 и 2022-2023 Wagoner.

Stellantis изјави за Forbs, преку е-пошта дека веќе има издадено ажурирање на повеќе од 735.000 возила и не знае за какви било повреди или несреќи поврзани со ова повлекување, но ги повикува клиентите да ги следат упатствата во известувањето за повлекување.

Проблемите се предизвикани од радио софтвер кој може да спречи сигналот да прикажува слика од задната камера, според објавата на NHTSA.

Компанијата започна да го истражува проблемот во октомври минатата година, прегледувајќи ги податоците за гаранцијата, теренските записи и записите за помош на клиентите до февруари, според регулаторното поднесување.

Според податоците на NHTSA, Chrysler повлече 2.251.746 возила во 30 наврати досега во 2024 година.

Повлекувањето е второ големо повлекување на производителот на автомобили во јуни, иако тие имаа вкупно осум повлекувања овој месец, според NHTSA. Првото големо повлекување беше објавено на 6 јуни, кога беа повлечени повеќе од 211.000 возила поради исклучени електронски системи за стабилност.

Производителот претходно објави и неколку други големи повлекувања оваа година, вклучително и повлекување на речиси 200.000 возила во средината на февруари и повлекување на повеќе од 338.000 возила една недела подоцна поради проблеми со губење на контролата. Тие исто така отповикаа повеќе од 350.000 возила во март.

 





НАЈНОВИ