Новите автомобили од денеска стануваат уште поскапи

Новото зголемување на  цената е поради задолжителното вградување на новите системи за задолжителна асистенција….

Според новата одлука за општа безбедност на возилата, од денеска, 7 јули, новите автомобили низ Европа мора да бидат опремени со различни системи за помош (ADAS), за да му помогнат на возачот и да обезбеди подобра заштита на патниците, пешаците и велосипедистите. Ова, секако, дополнително ќе ги зголеми цените на новите автомобили.

Претходно пишувавме за задолжителната примена на уреди како црна кутија и систем кој го следи брзото возење и го предупредува возачот за тоа. Сепак, тие „додатоци“ се само дел од вкупно седумте нови Напредни системи за помош на возачот (ADAS) кои од денеска, 7 јули, стануваат задолжителни за новите возила.

Иако некои нови автомобили веќе беа опремени со некои од овие системи, веќе нема исклучоци. Затоа, сите нови автомобили ќе мора да бидат опремени со напредна безбедносна опрема која вклучува неколку клучни технологии. Вклучува и систем за откривање на поспаност кај возачот (DDD), кој го предупредува возачот кога сензорите ќе забележат губење на концентрацијата поради замор. Системот за предупредување за брзина (ISA) го информира возачот преку визуелни или звучни сигнали за ограничувањата на брзината. Следниот задолжителен систем е Rear Cross Traffic Alert (RCTA), кој го следи сообраќајот, пречките и луѓето при возење наназад, пренесуваат информативните агенции на Стариот континент.

Други опционални системи вклучуваат предупредување за напуштање лента (LDW), кое ги предупредува возачите доколку излезат од лентата без сигнализација, и Автоматско сопирање за итни случаи (AEB), кое открива можни судири со возилото напред. Задолжителен е и уред за блокирање за палење на возилото по тест за алкотестирање (BAIID), но производителите засега ќе мора да остават простор за дополнително подготовка на вградување. Последните две се предупредувања за употреба на појаси за сите седишта и на крајот секако црната кутија, снимач на податоци сличен на оние што се користат во авионите, кој се поставува на шасијата на возилото. Податоците периодично се бришат, но се задржуваат на тврдиот диск во случај на несреќа за да помогнат да се утврдат околностите што довеле до тоа.

Со воведување напредна технологија во новите автомобили, основна цел на законодавецот е напредните системи за асистенција да придонесат за спречување на несреќи. Европската комисија очекува овие системи да помогнат да се избегнат повеќе од 25.000 фатални несреќи и најмалку 140.000 сериозни повреди во Европа до 2038 година. Останатите асистенти, пак, се очекува да имаат многу помали ефекти. На пример, системот за предупредување за напуштање лента, кој исто така е задолжителен, треба да ја намали зачестеноста на несреќите за помалку од еден процент.

Она што ги загрижува осигурителните компании, но и клиентите, е тоа што дополнителната технологија ги поскапи поправките. Новата технологија како што се сензорите и системите на камери мора да се заменат или рекалибрираат во случај на жалба. Системот за помош, на пример, ја прави замената на шофершајбната за околу 25 проценти поскапа од претходно.

Од друга страна, автомобилите ќе поскапат и ќе ги оддалечат клиентите од купување. Мораме да размислиме дека новите автомобили со инсталирана нова опрема автоматски ќе поскапат. Истовремено, автомобилите опремени со ADAS системи носат со себе и зголемување на цената на премиите за осигурување.

Ако планирате да купите нов автомобил – не одложувајте. Има залихи на автомобили произведени претходно оваа година кои имаат само некои или ниту еден од наведените системи за помош.





НАЈНОВИ