Во Volkswagen повторно имаат софтверски проблеми….
Очигледно, тоа е софтвер развиен од Cariad на Volkswagen, кој се однесува на платформата SSP (Scalable System Platform). Доцнењето на проектот директно резултираше со одложување на лансирањето на неколку нови производи, вклучувајќи го и наследникот на моделот ID.4.
Според специјализираните портали, идејата била моделите базирани на SSP да почнат да се комерцијализираат во текот на наредната 2025 година, но сега тоа веќе не е случај.
Извршниот директор на Volkswagen, Томас Шафер (Thomas Schäfer) навести дека првиот модел базиран на SSP би можел да биде електричниот наследник на Volkswagen Golf, кој треба да пристигне во текот на 2028 година.
Кога станува збор за софтверски проблеми, има доста високи барања поставени од дизајнерите.
Имено, Volkswagen сака новата платформа да поддржува ултра брзо полнење (околу 12 минути) и компатибилност со системите за автономно возење на ниво четири (4).
Како што дознава Manager Magazin, сето тоа влијаело на одложување на лансирањето на наследникот на моделот ID.4 за некаде околу 15 месеци.
Истото го потврди и Handelsblatt, пресметувајќи дека новиот модел не може да пристигне пред 2029 година.
Тоа значи дека ID.4 претставен во 2020 година ќе наполни девет години па потоа ќе треба да добие наследник.
SUV моделот на Volkswagen, со кодно име T-Sport, исто така ќе доцни и ќе пристигне на пазарот најрано во 2031 година. Реално е да се очекува дека овој тренд ќе се преслика и на другите марки на групацијата VW.
Доаѓањето на надградената платформа MEB+, која ќе ја користат долгоочекуваните ID.2 и ID.1, донекаде ќе ја подобри работата.