Бестселерот на Škoda неодамна доби надградба…
Ова видео ќе покаже што е уште подобро за новата верзија на Octavia. Сега Octavia доби уште подинамичен изглед, со нови LED фарови со целосно нова графика кои му даваат на автомобилот посвеж и спортски изглед.
Matrix-LED фаровите од втората генерација нудат помоќен Bi-LED модул со 36 светлосни сегменти во два реда или со елемент на дизајнот Crystallinium. Надградени се и LED задните светла и браникот.
Видете и самите:
Внатрешноста сè уште ги нагласува просторот и практичноста, но модернизираната Octavia добива и нови одржливи материјали и нов информативно забавен систем со 13-инчен екран.
Дополнително, ќе нуди комбинација од гласовниот асистент Laura и напредната алатка за вештачка интелигенција ChatGPT, па сега Лаура ќе биде уште подобра во одговарање на прашања од општа култура.
Автомобилот е опремен и со нови функции за помош при возење.
Сè уште има широк опсег на погонски единици: достапни се и бензински и дизел мотори, вклучувајќи благи хибридни верзии и спортска верзија RS.
Покрај караван верзијата, која е најпродаваниот автомобил во својата класа на многу пазари, Octavia секако е достапна и како хечбек.
PR Škoda