Maserati сепак не се продава

Stellantis потврди дека нема да го продаде брендот Maserati, и покрај претходното предупредување на извршниот директор Карлос Тавареш дека ќе ги затвори производителите на автомобили кои не работат профитабилно…

„Stellantis ја потврдува својата непоколеблива посветеност на светлата иднина на Maserati како единствен луксузен бренд меѓу 14-те брендови Stellantis“, се вели во соопштението на производителот на автомобили, истовремено потврдувајќи ја својата посветеност на целото портфолио на брендови.

Како што потсетува Index.hr, пред неколку дена Карлос Тавареш (Carlos Tavares) им рекол на новинарите: „Ако не заработат, ќе ги затвориме“. Тој додаде: „Не можеме да си дозволиме брендови кои не остваруваат профит“.

Таварес, исто така, изјави за телевизијата Блумберг: „Брендовите се тука за да се искористат. Ако не можат да ја заработат вредноста што ја претставуваат, тогаш ќе се донесат одлуки“.

Изјавата на шефот на Stellantis дојде откако значително падна профитот на групацијата, во чија сопственост се и Peugeot, Opel, Fiat и други. Компанијата не објавува резултати за поединечни брендови, освен за Maserati, кој пријави приспособена оперативна загуба од 82 милиони евра за првата половина од годината.

Некои аналитичари претходно забележаа дека Maserati би можел да излезе на продажба, додека некои други брендови како Lancia или DS би можеле да бидат изложени на ризик да бидат прекинати, со оглед на нивниот маргинален придонес во вкупната продажба на групацијата.

 





НАЈНОВИ