Porsche во неволја

Уделот на електричните автомобили на пазарот на нови автомобили постојано расте, но далеку e од претходните проекции и желби на производителите….

Porsche призна дека транзицијата кон електрични погони на пазарот ќе потрае многу подолго отколку што претходно се предвидуваше. До неодамна Porsche велеше дека до 2030 година уделот на електричните возила во нивната продажба ќе биде 80 проценти.

И целата своја деловна политика ја приспособи на тие планови, па пред неколку недели беше објавено дека од производство ќе бидат повлечени најевтините модели, 718 Boxster и Cayman. Тие треба да бидат заменети многу брзо, веројатно до крајот на оваа 2024 година, со нова генерација, исклучиво со електричен погон.

„Нашата производствена стратегија е поставена така што ќе можеме да испорачаме повеќе од 80 отсто од нашите возила целосно електрични до 2030 година – во зависност од побарувачката на клиентите и развојот на електромобилноста“, се вели во соопштението на Porsche.

Во Porsche сега се свесни дека е доцна да се прилагодат на новите услови, пренесуваат информативните агенции.

Компанијата се бори со ниска продажба на електрични возила оваа година, со побарувачка далеку под очекувањата во Кина, побавна во Европа и нерамномерна во САД.

„Транзицијата кон електрични автомобили трае подолго отколку што мислевме пред пет години“, велат од Porsche во изјава за Reuters, повторувајќи ги чувствата на другите европски брендови на луксузни автомобили, вклучително и Мercedes- Benz. Така, иако Porsche има производи и производствен капацитет за да ја постигне целта од 80 проценти, вели дека нема да се залага за тоа и ќе ги остави клиентите да го водат патот.

Продажбата на Taycan е во пад и сега на сцена треба да излезат електричните Boxster и Cayman, додека новиот електричен Macan требаше да стане лидер во продажбата. Бензинскиот Macan беше најпродаваниот модел на Porsche, а наскоро ќе биде целосно недостапен.

Значи, Европа останува без бензинците Macan и 718, остатокот од светот ќе остане без нив до 2026 година, а потоа ќе има голема празнина.

Само муабетот за 911 со лансирањето на хибридот се покажа како полн погодок, бидејќи електричниот 911 нема да го гледаме уште најмалку пет години.

Исто така, бензинскиот Cayenne ќе остане во понуда најмалку до крајот на деценијата.

„Нашата двојна стратегија е поважна од кога било“, изјави Porsche за Reuters, мислејќи на континуираниот развој на SUS моторите и електрифицираните автомобили. Ова влева надеж, но останува впечатокот дека Porsche беше многу изненаден од ваквата состојба на пазарот.

Ова го потврдуваат новите проценки за оваа година. Porsche на тој начин најави помали приходи, пад на продажбата од 6,8 отсто и намалување на оперативната добивка за цели 20,5 отсто, од 3,86 на 3,06 милијарди евра.





НАЈНОВИ