Lada и Haval владеат на рускиот пазар на нови автомобили

Рускиот пазар на автомобили драстично се промени по инвазијата на Украина.

Поради меѓународните санкции, традиционалните западни производители се повлекоа, но Кинезите лесно скокнаа на нивно место.

Тука е секако домашната Lada која успешно продолжува без Renault, а оживеаја и некои заборавени марки како што е Moskvich.

Поради сето ова, сликата на рускиот пазар изгледа драстично поинаква отколку пред почетокот на војната.

Агенцијата Autostat ги објави најновите податоци за регистрација на нови автомобили во Руската Федерација.

Во јули тековната 2024 година во земјава се продадени вкупно 136.221 нови патнички автомобили, што претставува за 42,4 отсто повеќе во однос на истиот период минатата 2023 година.

Составот на десетте најпродавани марки во Руската Федерација е многу егзотичен и вклучува некои марки за кои многу љубители на автомобили од Запад никогаш не ни слушнале, пишуваат информативните агенции.

Апсолутен владетел на пазарот е Ladа со продадени 35.619 автомобили, а втор е кинескиот Haval со 16.671 автомобил.

И сите други брендови во Топ 10 се кинески, по Haval, Chery, Geely, Changan, Omoda, Belgee, Jetour, Exeed и Jaecoo следат.

Но, треба да се забележи дека многу од овие производители произведуваат автомобили во фабрики во Русија.

Што се однесува до конкретни модели, на врвот се две Lada, Granta и Vesta со продадени 18.164 и 9.761 автомобил. Во продолжение следува серија кинески модели кои инаку не играат некоја важна улога во Европа или воопшто не се продаваат.

Тоа се Chery Tiggo 7 Pro Max, Chery Tiggo 4 Pro, Changan CS55 Plus, Geely Monjaro, Omoda C5 и Belgee X50. Меѓу нив е уште една Ladа, Niva Travel на деветтото место.

Во првите седум месеци од оваа година на рускиот пазар на нови автомобили се продадени приближно 855,6 илјади нови автомобили.

Списокот на бестселери ги вклучува приближно истите кинески и руски брендови на автомобили.

 





НАЈНОВИ