Ford Mustang Mach-E помина повеќе од 916 km со едно полнење на батеријата

Електричниот Mustang Mach-E на Ford постави нов светски рекорд за поминато растојание со едно полнење на батеријата…

Кевин Букер (Kevin Booker) и Сем Кларк (Sam Clarke) наизменично се менуваа зад воланот на Mustang Mach-E, додека Ричард Паркер (Richard Parker) беше совозачот. Тие го возеа Mach-E Premium Extended Range RWD во период од 24 часа и поминаа 916,74 километри, соборувајќи го претходниот рекорд од 907,62 километри.

Букер и Кларк возеле низ Норфолк, Линколншир, Јоркшир, Нотингемшир, Лестершир и Кембриџшир, и по урбаните и руралните патишта за да симулираат услови во реалниот свет.

Тие користеа неколку методи за да го докажат својот успех, вклучувајќи независно потврдена снимка, читања на часовници, GPS податоци и информации за нивото на батеријата преземени од Webfleet.

Споменатиот модел користи батерија со капацитет од 91 kWh, која овозможува автономија од 600 километри (WLTP), но за да се постигне рекордот тимот направи неколку измени.

Тие ги заменија стандардните бандажи од 19 инчи со сет од 18 инчи, а поставија гуми Bridgestone со низок отпор на тркалање.

На овој начин тие „извадија“ ( исцедија) дополнителни километри од батеријата.

Рекордот за најдолго возење со едно полнење на батеријата инаку го држи возилото muc022 кое е направено од студенти.

Во текот на минатата 2023 година поминале дури 2.573,79 километри, но треба да се каже дека не станува збор за сериски електричен автомобил како Mustang.





НАЈНОВИ