Spofec Rolls-Royce Spectre

Електричниот Rolls-Royce Spectre претрпе уште една модификација, во режија на Spofec, тјунинг-дивизијата на Novitec, која се занимава со модификација на моделите на Rolls-Royce (Spofec – SPpirit OF ECstasy).

Накратко, пакетот вклучува модифицирани браници, преден сплитер, комплет прагови, заден дифузер, заден спојлер и неколку различни опции на тркалата (вклучувајќи и со големина од 24-инчни), како и изменета суспензија (автомобилот е спуѓтен за 35 mm пониско).

Покрај тоа, понудата ќе вклучува и бројни опции за доработка на ентериерот според желбата на сопственикот.

Тука ќе речеме и дека Spofec не го допрел електричниот погон, па автомобилот и понатаму има електро мотор со моќност од 430 kW/584 КС и максимален вртежен момент од 895 Nm.





НАЈНОВИ