Volkswagen T-Roc R Black Edition

Volkswagen наскоро, на британските клиенти, ќе им ја понуди специјалната T-Roc R Black Edition изведба…

Стандардниот пакет вклучува црни елементи (куќишта на ретровизорите, шини на покривот…), црни 19-инчни Estoril тркала, голем панорамски покрив, електричежно отворање на задната врата на багажниот простор, загреани предни седишта, аудио систем Beats, како и камера за возење во рикверц.

 

 

Под хаубата се наоѓа TSI бензински мотор, со ќртори цичиндри, до рсботен волумрн од 2,0-литри, со моќност од 221 kW/300 КС и 400 Nm максимален вртежен момент.

Оваа погонска единица доаѓа во комбинација со едум (7) -степен автоматски менувач на брзини и со систем за погон на сите четири тркала на Volkswagen,  познатиот 4Motion.

Таквата комбинацуја овозможува солидни перформанси, забрзувањето од 0 до 100 km/h за 4,9 секунди, додека пак,  максималната брзина изнесува 250 km/h.

На крајот во оваа куса информација и податокот дека T-Roc R Black Edition има цена од 44.250 британски фунти ( пресметано во европска валута околу 51.700 евра) на пазарот во во Велика Британија, а нарачките ќе започнат веќе од утре – 15 -ти август.





НАЈНОВИ