Maserati GT2 Stradale

Maserati претстави нов „супер спортски автомобил“ на настанот недела на автомобилите во Монтреј (Monterey Car Week ) во Америка…

Новиот GT2 Stradale е всушност „еволуција на MC20“ и го наследува духот на тркачкиот автомобил GT2. Затоа не изненадуваат отворите на предните браници и сплитерот од карбонски влакна, а тука се и сините клешти на сопирачките.
Се вели дека автомобилот има и „иновативни технолошки решенија“, како и „импресивни аеродинамични перформанси, типични за најбрзите и највозбудливите тркачки автомобили“.


Дополнително, новитетот е најавен како „уникатен автомобил со непогрешлива естетика, дефиниран со широк спектар на опции за прилагодување“.
Станува збор за легален автомобил кој има „детали типични за тркачки автомобил без да се жртвува удобноста и карактеристиките на моделите на патиштата“.
Сè е поставено на лесен дофат на возачот, вклучувајќи го и централниот екран од 10,25 инчи.
Аудио систем со шест звучници исто така е стандарден, но достапен е и систем со 12 звучници.

Има и спортски седишта дизајнирани специјално за GT2 Stradale.
Во однос на погонската единица Maserati GT2 Stradale е придвижуван од бензински twin – turbo агрегат со работен волумен од 3,0-литри, со шест цилиндри поставени во форма на латинската буква V, што испорачува моќност од 640 КС и 730 Nm максимален вртежен момент, поврзан со осум (8) степен менувач на брзини со двојна спојка.


Таквата комбинација му обезбедува супериорни перформанси : Забрзување од 0 до 100 km/h трае 2,8 секунди, додека максималната брзина изнесува 323 km/h.
Во вестите се спомнува и надолна сила (down force) од 500 kg, што се постигнува при брзини од 280 km/h.
Цената се уште не е објавена.





НАЈНОВИ