Новиот BMW M5 како награда за најуспешен возач на квалификациите за Moto GP

Традицијата продолжува, па BMW и оваа сезона ќе го награди најуспешниот возач за време на квалификациите во Moto GP…

BMW M е долгогодишен партнер на Moto GP, а ова е веќе 22-ро издание на BMW M Award.

Добитникот на наградата BMW M на крајот од секоја сезона добива автомобил BMW М како награда, а минатата година Франческо Бањаја (Francesco Bagnaia ) ја презеде новата XM Label Red.

Рекордот го држи Марк Маркез (Marc Márquez ), кој седум пати ја освои BMW Award.

Оваа година наградата е најновиот BMW M5 (G90), а тој автомобил беше прикажан во Спилберг овој викенд.

Новиот М5 користи plug-in хибриден погон, кој е комбинација од от бензински турбо мотор со двојна турбина (twin) со работен волумен од 4,4-литри, со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V, со моќ од 430 kW/585 КС и електричен мотор со моќ од 145 kW/197 КС.

Автомобилот има комбинирана моќност од 535 kW/727 КС и 1000 Nm максимален вртежен момент, како и батерија со капацитет на моќ од 18,6 kWh (досегот во електричен режим е 69 km, а најголемата брзина при возење само на струја е 140 km/h).

Новиот седан М5 од 0, до 100 km/h достигнува за 3,5 секунди, од 0 до 200 km/h достигнува за 10,9 секунди и може да достигне максимална брзина од  250 km/h. Со M Driver’s Package, максималната брзина е 305 km/h.

 





НАЈНОВИ