Западна Австралија бара трајно да ги конфискува мобилните телефони од возачи кои ги користат додека возат

Користењето на мобилен телефон додека возите е речиси нерешлива енигма во повеќето земји со развиена патна мрежа, а некои земји со тоа се справуваат и на овој начин…

Опасностите се големи, несреќи се случуваат, возачите се казнуваат за користење на мобилен телефон, но се чини дека сето тоа е – преблаго и не дава резултати!

Но, една држава, или покраина, сега е подготвена да разговара за радикална мерка, пренесуваат специјализираните портали.

Имено, 9News јавува дека за следниот месец (септември оваа 2024 година) е закажан состанок на сите одговорни институции за безбедност на патиштата во Западна Австралија, а тема ќе биде трајното одземање на мобилните телефони од возачите кои се фатени како го користат уредот додека возат.

Ова се случи откако бројот на сообраќајни несреќи во таа земја, од почетокот на годинава, достигна највисоко ниво во последните осум години, со 118 загинати досега.

Радикалните околности очигледно бараат радикални идеи и ќе видиме дали овој предлог ќе се конкретизира во форма на нов закон во оваа покраина.

Поранешниот претседател на Советот за безбедност на патиштата, Мареј Лампард (Mary Lampard), е еден од оние кои ја поддржуваат идејата за одземање на мобилниот телефон.

– Кога би се плашеле да не го изгубат мобилниот телефон, кој им е толку важен, мислам дека два пати би размислувале да го користат додека возат.

 





НАЈНОВИ