Нова Toyota GR Supra GT4 EVO2

Toyota Gazoo Racing (TGR) почна да прима нарачки за новиот тркачки автомобил GR Supra GT4 EVO2, кој е развиен со помош на опсежни повратни информации од тркачките тимови и возачи ширум светот за да постигне повисоки нивоа на перформанси, сигурност и управување…

Очекуваната цена за купувачите на пазарите пируме Европа е околу 202.000 евра. Од лансирањето на моделот GR Supra GT4 во 2020 година, благодарение на поддршката од организаторите и клиентите на трките, кумулативната продажба на овој модел надмина 120 примероци.

Напорите на тркачките тимови и возачи ѝ овозможија да победи во сериите GT4 и меѓународни трки во 11 земји и региони, да заврши на подиумот повеќе од 500 пати и да стане шампион во класата во три региони: Азија, Соединетите Американски Држави и Европа.

Технички карактеристики

Toyota Gazoo Racing засега објави оскудни детали за новиот GR Supra GT4 EVO2. Структурата на каросеријата на автомобилот е изработена од челик/алуминиум со заштитен кафез со висока цврстина според прописите на FIА. Што се однесува до погонската група, тоа е турбо бензински мотор со работен волумен од 3,0-литри, со шест ( 6)-цилиндри поставени во линија, со едеиничен турбополнач со twin-scroll технологија, со најголем вртежен момент од 660 Nm.

Менувачот е модифициран ZF автоматски менувач со лопатки на воланот, а издувниот систем е Akrapovič тркачки со катализатор.

Предната суспензија е MacPherson, а задната е Multi-link. Сопирачките се тркачки клешти со шест клипови на Brembo со дискови со димензии од 390 мм во дијаметар напред, и тркачки клешти со четири клипови на Brembo со дискови од 355 мм назад. Гумите се Pirelli P Zero 305/660-18 напред и назад, на OZ 11 x 18“ тркала. Што се однесува до димензиите на GR Supre GT4 EVO2, тие се следни: должина 4460 mm, ширина 1855 mm (без ретровизори).

Ажурираниот GR Supra GT4 EVO за сезоната 2023 имаше подобрени сопирачки, управување и перформанси на моторот, што го олеснува возењето на автомобилот за возачи со различни нивоа на вештини. Сепак, по тоа ажурирање, во тимот никогаш не завршија со напорите за изградба на уште подобри автомобили за мотоспорт, па така TGR продолжи да патува на тркачките патеки ширум светот за да добие вредни повратни информации директно од тркачките тимови и возачи, кои можат да се добијат само во екстремни услови.

Унапредувајќи го својот пристап кон „изградба на автомобил со посветеност кон возачот “ за да се преземат такви увиди во развојот, TGR го постави дебито на GR Supra GT4 EVO2, со подобрени перформанси, доверливост и управување, за почетокот на сезоната 2025 година.

Особено, мапите на ABS се внимателно рекалибрирани преку возење на различни возачи на патеки во Јапонија и Европа за да се овозможи оптимално сопирање и свиоци во зависност од типот на пневматикот и абењето и условите на патеката. Исто така времето на спуштање на менувањето на брзини во понизок степен на пренос е намалено со дотерување на системот за усогласување на вртежите преку софтверско ажурирање, што резултира со подобрена контрола на забавувањето за време на сопирањето за зголемена брзина на свиоци.

Покрај тоа, освен подобрувањето на ладењето на моторот, сопирачките и погонската група, температурите во кабината се оптимизирани за да се олесни возењето на автомобилот дури и во тешки услови, помагајќи да се одржат високите нивоа на перформанси.

Овие подобрувања го прават GR Supra GT4 EVO2 полесен за возење не само за професионалните тркачи, туку и за возачите аматери кои амбициозно учествуваат во GT4 трките ширум светот.

Toyota GR Supra GT4 EVO2 својата светска премиера ќе ја има во јануари наредната 2025 година на првата трка од „IMSA Michelin Pilot Challenge“, која ќе се одржи како дел од трката „24 Hours of Daytona“.

Извор: Toyota Gazoo Racing





НАЈНОВИ