Lexus RX Black Line Special Edition & RX F Sport Design

Lexus RX доби некои надградби за моделската 2025 година, како и неколку нови изданија.

Пред се тука е RX Black Line Special Edition, базиран на моделот RX 500h F Sport Performance што има моќност од 273 kW/371 КС и 550 Nm максимален вртежен момент.

Специјалното издание на Black Line се одликува со надворешност Incognito со црни акценти, како и 21-инчни црни тркала, кои се во контраст со портокаловите клешти на сопирачките.

Нема многу други промени, но треба да се спомене црниот ентериер со сиви контрастни шевови.

Производството за Северна Америка ќе биде ограничено на само 500 единици.

Покрај новото специјално издание, Lexus одлучи да додаде опрема F Sport Design на RX. Опремата F Sport Design е достапна исклучиво на верзиите RX 350 и RX 350h.

F Sport Design се заснова на премиум опремата на која и додава стилски детали F Sport Styling, вклучувајќи предна маска, тркала со големина од од 21 инчи, со црна завршница и внатрешност од дрво.

Инаку RX 350 располага со турбо бензински мотор со работен волумен од  2,4-литри, во конфигурација со четири цилиндри, додека пак RX 350h доаѓа со хибриден погонски склоп.

 





НАЈНОВИ