Сопствениците на BMW M5 не практикуваат повремено возење на тркачка патека

Само мал процент од сопствениците на перформанс креацијата на Баварците – BMW M5 ги носат своите миленици на тркачката патека…

Ако и го направат тоа, тие обично повеќе не практикуваат слични излети на тркачките патеки, односно многу ретко ќе го повторат тоа.

Како и да е бидејќи станува збор за чистокрвен „М“ автомобил, моделот BMW M5 е модел кој се справува со тркачката патека како риба во вода.

Дури и дебитантот, и покрај неговата голема маса, доминира на врелиот асфалт.

Сепак, повеќето сопственици на баварската супер лимузина немаат искуство (пракса) да возат по затворена наменска патека, со што ги туркаат своите миленици до нивните граници, велат од BMW.

„Што се однесува до купувачите на М5, знаеме дека многу мал процент од нив ги возат своите патни „болиди“ на тркачката патека, и обично тоа го прават само еднаш“, вели Данијела Шмид, продукт менаџер во BMW. Никој од нив не го прави тоа редовно“.

Тоа значи дека огромното мнозинство луѓе кои купуваат нови М „петки“ никогаш не ги возат своите моќни автомобили на тркачка патека, што е вистински срам. Сепак, треба да се пофалат оние малкумина кои го направиле тоа, макар и само еднаш.

„За нас е важно секој од моделите М да може да се вози на патеката“, додаде Шмид.

„Доколку има муштерии кои го сакаат тоа, треба да знаат дека тоа го можат и тоа без никакви проблеми, но тој потенцијал е достапен и при секојдневното возење. Поради оваа причина и понатаму стоиме на барањето ваков болид да може да се користи на патеката, иако сме свесни дека тоа не го практикуваат голем број клиенти“.

Во своето излагање Шмид, исто така ја посочи и возраста на купувачите на перформанс автомобилите BMW M5, а она што не изненадува е тоа што тие се главно средовечни мажи.

„Сегашниот кориснички профил вклучува средовечен маж, иако имаме и женски клиенти, но мнозинството се мажи, претприемачи или високи менаџери кои имаат искуство со други модели М како што се М3 или М4, а М5, како што стареат, доаѓа на нивната листа на желби. “, додаде Шмид.

„Мислам дека во последните 20 години или повеќе, просечната возраст на купувачот на М5 е намалена, пред се поради азиските пазари. Во Азија, многу млади луѓе кои работат во IТ секторот имаат многу пари без разлика на нивната млада возраст. Многумина од овие млади биле на специјализација, работа, усовршување или испитување на пазарите, во Европа или во САД, каде што се запознаа со моделите М, а сега сакаат да поседуваат такво возило во својата земја“.

 





НАЈНОВИ