Mercedes го заменува EQS со електрична S-класа

Компанијата Mercedes-Benz ги менува работите во својата палета на луксузни автомобили, а една од нив е што овој германски производител ги става моделите EQS и S-Class под едно заедничко име.

Mercedes планира да продолжи со производство на S-Class со мотори со внатрешно согорување иако некогаш се сметаше дека ќе ја замени со електрични верзии, сепак, оваа промена ќе се случи кога ќе излезе осмата генерација на S-Class, која ќе се појави во 2030 година.

„Во иднина ќе има две S-Class, едната со мотори на внатрешно согорување, а другата со електричен погон“, изјави директорот на Mercedes Ола Калениус (Ola Källenius) за британски Autocar.

Затоа името EQS дефинитивно исчезнува од автомобилската сцена . Од друга страна пак S-Class живее.

Моделите ќе изгледаат слично однадвор и внатре, а ќе се базираат на различни платформи.

Така, електричната Mercedes S-Class ќе ја користи платформата MB.EA Large, како и „конвенционалната“ надградена верзија на актуелната MRA платформата.

Потсетуваме, Mercedes прави нешто слично со G – Cl;ass. Имено денес, G-Class може да се има со мотори на внатрешно согорување и  со електричен мотор, но тие се речиси идентични по изглед.

Се поставува прашањето зошто Mercedes ја прави оваа промена.

Продажбата не оди одлично во последно време, испораките од S-Class се намалени за 37 проценти во првите три месеци од годината.

Компанијата дури и го намали производството во Фабриката 56 во Синделфинген, Германија на само една смена.

Продажбата на електрични возила исто така не ги исполнува целите.

Во Mercedes, тие сакаа повеќе од 20 отсто од 2.043.800 продадени автомобили во светот во 2023 година да бидат електрични, но беа постигнати само 11 отсто, иако продажбата на електрични возила всушност се зголеми за 73 отсто од 2022 година.

Компанијата ги прилагодува своите цели за продажба за електрични и хибридни автомобили.

Порано целта беше 50 проценти од годишната продажба да бидат вакви возила до 2025 година, но сега таа цел е поместена за 2030 година.

Оваа промена не се случува само во Mercedes, бидејќи целата автомобилска индустрија забележува побавно прифаќање на електрични возила.

Во Европа, бројот на електрични возила на патиштата се зголеми за 2 отсто во 2024 година во однос на претходната 2023 година.

Другите производители на автомобили како Audi, Ford и Porsche исто така повеќе се фокусираат на возила со погон на мотори на внатрешно согорување и хибридните автомобили.

Изгледа дека патот до електричната иднина ќе биде подолг и по-незгоден  отколку што претходно мислеа производителите.

Од друга страна, љубителите на луксузни автомобили ќе имаат повеќе избор при изборот на нивниот следен автомобил.

 





НАЈНОВИ