Lotus драстично ја намалува целта за продажба на возила

Lotus Technology драстично ги намали своите продажни цели откако беше погодена од дополнителни царини на клучните пазари за своите електрични автомобили произведени во Кина…

Луксузниот спортски бренд во сопственост на Geely сега очекува да продаде 12.000 автомобили ширум светот оваа година, што е за 78% помалку од претходната цел од 55.500. За следната година, ревидираната цел е 30.000 единици.

Одлуката на Соединетите Држави да воведат 100% увозни тарифи за електрични возила произведени во Кина „драматично влијаеше на нашата прогноза“, рече извршниот директор на Lotus Group, Кингфенг Фенг (Qingfeng Feng). Зголемувањето на царините во ЕУ, исто така, ќе влијае на продажбата, додаде Фенг.

Lotus продаде 4.873 автомобили во првата половина од годината, што е зголемување од 239% во споредба со минатата 2023 година. Остриот раст може да се припише на почетокот на испораките на два нови електрични автомобили, теренецот Electra и седанот Emeya.

И покрај огромниот скок во приходите што ја придружуваше продажбата (225 милиони долари за квартал во споредба со само 111 милиони долари минатата 2023 година), нето загубата на Lotus се зголеми.

За кварталот забележа загуба од 202 милиони американски долари, во споредба со 193 милиони долари  во минатата 2023 година. Компанијата вели дека зголемувањето доаѓа од трошоците за продажба и маркетинг поврзани со нејзиното проширување, според Automotive News.

 





НАЈНОВИ