И Официјално Cupra Terramar

Тerramar е новиот херој на новата ера, во неверојатно значајна година за Cupra…

Спортскиот SUV ја поместува Cupra во фокусот на најбрзо растечкиот сегмент во Европа.

Oбезбедувајќи го она што брендот го вети пред две години, Terramar ќе продолжи да го поттикнува успехот и финансиските перформанси на компанијата.

Cupra е една од најбрзо растечките автомобилски брендови во Европа, со околу 700.000 испорачани автомобили заклучно со 2018 година додека го проширува својот дофат на пазарите низ целиот свет.

Спортските пропорции му даваат поттик на Terramar со димензии кои му помагаат да се истакне – Terramar е висок 1584 mm, широк 1863 mm, долг 4519 mm и има меѓуоскино растојание од 2681 mm. Волуменот на багажникот е со капацитет од 602 литри.

Пропорциите се подобрени со тркала достапни во опции од 18 инчи, 19 инчи и 20 инчи.

Како што погледот се движи кон дизајнот на задниот дел, неговите широки пропорции му даваат силно присуство на SUV модел, со интегрирано и осветлено лого на Cupra поставено централно помеѓу задните светла заедно со осветленото име Terramar.

Terramar ќе биде достапен во девет надворешни бои, вклучувајќи две мат опции – Century Bronze Matt и Enceladus Grey Matt.

Палетата ја комплетираат Dark Void, Fjord Blue, Glacial White, Cosmos Blue, Timanfaya Grey, Midnight Black и Graphene Grey боите.

Пред да влезат во Terramar, возачот и патниците се пречекани со церемонија за добредојде, со динамична светлосна церемонија во предното и задното осветлување на автомобилот, додека логото на Cupra исто така е проектирано на земја, како и натписот Cupra пред автомобил (поточно речено на ѕидот или вратата од гаражата).

Дигитализацијата е во центарот на вниманието на возачот. Нов и подобрен HMI е имплементиран и во 10,25-инчниот дигитален кокпит зад воланот, како и во 12,9-инчниот информативно забавен систем.

Искуството е подобрено со Head-up дисплејот кој обезбедува информации директно во видното поле на возачот.

 

Исто така, целта се среќава со технологијата со употреба на иновативни одржливи материјали, со избори кои комбинираат стил, спорт, рециклирани и обновливи материјали.

Три внатрешни карактери – Deep Ocean, Moon Light i High Canyon – го подобруваат чувството во кабината.

Terramar нуди низа опции за погонски агрегати кои му даваат на возачот избор на перформанси за да одговараат на нивните барања.

Пет различни погонски единици во три различни технологии обезбедуваат неколку опции и му даваат на Terramar силна динамика на возење.

TSI (бензин), eTSI (благ хибрид) и новата генерација на plug-in хибриди (eHybrid) произведуваат моќ од 150 КС до 272 КС.

CUPRA Terramar е исклучиво опремен со DSG менувач, без оглед на опцијата за возење.

eTSI (благ хибрид)

Во гамата на Terramar влегува и благата ( mild ) хибридна единица (eTSI), која ја вбризгува ефикасноста на 48V благата хибридна технологија со 1,5 литарски бензински мотор со моќ од 150 КС (110 kW).

Спарен исклучиво со 7-брзински DSG менувач, тоа е комбинација што обезбедува висока ефикасност.

Системот користи 48V стартер-генератор и 48V литиум-јонска батерија.

TSI (бензин)

Достапни се две 2.0 литарски TSI бензински опции.

Првата, со моќност од 204 КС (150 kW), е поврзан со 7-степен DSG менувач со двојна спојка и погон на сите тркала (4Drive).

Втората единица TSI ја зголемува излезната моќност и е достапна во варијантата CUPRA Terramar VZ.

Потсетуваме VZ е кратенка за Veloz на шпански, што значи брзо.

Единицата Terramar VZ испорачува моќ од 265 КС (195 kW), а исто така е поврзана со 7-степен DSG менувач и погон на сите тркала (4Drive).

eHybrid – Plug in Hybrid (приклучок-хибрид)

Приклучниот хибриден погон на новата генерација ги подобрува перформансите и обезбедува широк опсег само на електричен погон, што уште еднаш докажува дека електрификацијата и перформансите совршено се совпаѓаат.

Новиот Terramar има две eHybrid опции: Едната со моќ од 204 КС (150 kW) и втората со моќ од 272 КС (200 kW) за верзијата VZ.

Моторот 1,5 TSI е поврзан со електричен мотор во комбинација со батерија која нуди капацитет на моќ од 19,7 kWh (нето) капацитет.

Тоа значи дека новиот Terramar може да помине повеќе од 100 километри во EV режим.

Батеријата е компатибилна со брзо полнење до 50 kW (DC полнење) додека е на пат или дома користи ѕидна кутија од 11 kW.

Усогласувањето на перформансите на погонската единица со динамиката е клучен елемент на карактерот на Terramar.

Заснован на архитектурата MQB Evo, Terramar нуди уникатно возачко искуство со спортска суспензија.

Terramar доаѓа и со нова генерација на динамичка контрола на шасијата (DCC), која значително ја подобрува динамиката на возењето.

Terramar VZ (2.0 TSI 265 HP & eHybrid 272 HP) може да биде опремен со Akebono сопирачки, со диск сопирачки (со димензии 375×36 mm) во споредба со стандардните опции (340×36 mm).

Cupra ја продолжува својата соработка со аудио експертите Sennheiser Mobility, воведувајќи нов опционален аудио систем со 12 звучници.

Меѓу новите безбедносни системи на Terramar се предвидливиот адаптивен темпомат (ACC), помошта за напуштање лента, итна помош и помош за внимание и поспаност.

Лансирањето на Terramar е придружено со ексклузивното Terramar America’s Cup Limited Edition; само 1.337 единици од оваа специјална верзија ќе бидат произведени со уникатен дизајн и стифизички карактеристики.

Terramar America’s Cup Limited Edition ќе биде достапен исклучиво со VZ опции за погон: eHybrid 200 kW/272 ks и 2.0 TSI 195 kW/265 ks.

Дизајниран и развиен во Барселона, Terramar ќе се произведува во фабриката на Audi во Ѓер, Унгарија.

Цените на пазарот во Германија почнуваат од 43.020 евра, а испораките ќе започнат во текот на последниот квартал од оваа 2024 година.





НАЈНОВИ