Зошто опаѓа продажбата на електрични автомобили во ЕУ?

Електричните автомобили изгубија дел од пазарното учество низ Европската унија….

Според експертите причина за тоа е политиката на производителот, но и на државата.

Растот на електромобилноста во Европската унија е значително забавен: во јули оваа 2024 година бројот на ново регистрирани електрични автомобили е намален за 11 отсто во споредба со истиот месец минатата 2023 година.

Индустриското здружение ACEA забележа пад на продажбата во дванаесет земји на ЕУ.

Дури 37 отсто помалку електрични автомобили се регистрирани на најголемиот европски пазар – во Германија.

Хибридите се продаваат добро

Севкупно, без разлика на типот на погон, бројот на новорегистрирани автомобили во ЕУ е зголемен за 0,2 отсто во однос на истиот месец лани, на вкупно 852.051 возило.

Пазарното учество на електричните автомобили во новите регистрации на тој начин се намали – од 13,5 на 12,1 отсто.

Автомобилите кои користат фосилни горива имаат малку намалено пазарно учество од 46 проценти.

Хибридните модели, сепак, значително пораснаа и сега сочинуваат 32 проценти од пазарот на нови автомобили.

Клучно: цена и субвенции

„Растот на електромобилноста е во застој – не само во Германија“, вели експертот за мобилност Константин Гал.

Но, зошто е тоа така? „Клучниот фактор што во моментов го спречува понатамошното ширење на електричните автомобили е високата цена“, вели Гал мотори со внатрешно согорување.

Најдобар пример е Германија: овде, укинувањето на еколошката премија значително ја намали продажбата на електрични автомобили. Имено, забележливо е и дека електричните автомобили добро се продаваат само во земјите со високи државни субвенции.

Тука првенствено се вклучени скандинавските земји – во Данска пазарното учество на електричните автомобили е веќе 52 отсто, а во Шведска 34 отсто oд пазрот на нови автомобили.

Исто така, е-автомобилите се барани во Бенелукс благодарение на владините премии: Белгија, Холандија и Луксембург имаат пазарно учество од околу 30 проценти не е – моделите.

На исток – занемарлив удел на е-автомобили

Меѓутоа, во повеќето други земји на ЕУ, електричните возила сè уште остануваат апсолутно низок (во обем на пласирање) производ. „Во дури 15 земји од ЕУ, пазарното учество на електричните автомобили во јули беше под десет проценти“, нагласува Гал.

Во Германија тоа учество е само 13 проценти.

Во земјите од Источна и Југоисточна Европа, електричните автомобили сè уште се многу ретки на патиштата, со пазарно учество од скромни 4,3 проценти.

„Пазарните учества се занемарливи и има малку индикации дека тоа ќе се промени во догледна иднина“, вели Гал.

Скапо паралелно производство одржување на двата вида

Слабиот развој на пазарот за електрични автомобили претставува голем предизвик за индустријата.

Производителите на автомобили сега треба да ги приспособат своите амбициозни цели за електрични возила на реалноста и да го прошират паралелното присуство на двата типа автомобили на пазарот – оние со мотори со внатрешно согорување и оние со електричен погон.

Според експертите од индустријата, тоа ќе чини многу пари.

Подобрување на ситуацијата може да се очекува само на среден рок, смета Гал: „Кога на пазарот ќе се појават поевтини електрични автомобили, може да се добијат нови групи клиенти“.

Извор: Deutsche Welle





НАЈНОВИ