Производството на Cupra Terramar започна

Се е подготвено новата Cupra Terramar да го започне својот атак на европскиот пазар.

Шпанците веруваат дека долгоочекуваниот SUV модел е предодреден да игра водечка улога во амбициозниот стратешки план што шпанската компанија го лансираше пред извесно време.

За жал или среќа за фановите на Ateca, новиот Terramar ќе мора да го заземе неговото место по неговото збогување.

Новиот Terramar не носи печат „Made in Spain“. Овој SUV модел се произведува надвор од шпанските граници. Тerramar се произведува во Унгарија.

Поточно, во центарот за производство на возила лоциран во Ѓер, а оваа фабрика не е случајно избрана, пишуваат информативните агенции.

Audi е одговорен за производството на новиот Terramar.

И не е изненадување што шпанскиот теренец се произведува во овој објект, наместо во шпанската фабрика на Seat во Марторело.

Треба да се напомене дека унгарскиот центар за производство на возила веќе го произведува Audi Q3, а новиот Terramar е тесно поврзан со овој модел на Audi.

Групацијата Volkswagen одлучи да го искористи фактот што двата модели се базирани на иста платформа и споделуваат многу компоненти со цел да заштеди на трошоците.

Ѓер на тој начин ќе стане првата фабрика на Audi која произведува возила за друг бренд на групацијата Volkswagen.

Ова се клучни чекори, како за самиот Audi, така и за остатокот од германскиот автомобилски конгломерат. Ѓер е исто така најголемата фабрика за мотори во светот.

Секоја година овде се произведуваат повеќе од 170.000 возила и 1,6 милиони мотори.

Новиот Terramar е достапен со бензински мотори, од кои некои се електрифицирани со 48-волтна блага (mild) хибридна технологија (MHEV), а некои се нудат во plug-in хибридна верзија (PHEV).

Цената на почетниот модел во ЕУ започнува од околу 38.000 евра.

Доколку се оди според планот, првите испораки до клиентите ќе бидат извршени веќе на почетокот на ноември оваа 2024 година.





НАЈНОВИ