Nissan со систем за тие кои не сакаат да ја напуштат левата лента на автопат

Кој не се пожалил на возачите кои возат по левата лента на автопатите и не сакаат да се вратат на десно иако тоа можат да го направат без никаква опасност?!…

Е, во Nissan има план да ја промени оваа практика кај некои „несовесни “, возачи.

Јапонската компанија ќе ги подобри технологиите за помош на возачот за да ги обесхрабри возачите кои не ја напуштаат левата лента, пишуваат светските специјализирани портали.

Најновата верзија на Nissan технологијата за помош на возачот ProPilot ќе интегрира карактеристика која е прилично едноставна. По престигнувањето, возачите ќе добијат визуелно и звучно предупредување за безбедно и пожелно враќање на десната лента. Ова треба да ги поттикне да се движат надесно, за што можеме да се надеваме дека значително ќе ги подобри патувањата на автопатот.

Се разбира, предупредувањето ќе работи само кога е активен ProPilot 2.1. Ако е исклучен, нема сигнал.

 

Претходна




НАЈНОВИ