Почетна Актуелно Хонда развива...

Хонда развива „паметен“ пат кој ќе ги полни електричните возила во одот

10

Замислете да возите по автопат додека батеријата на вашиот електричен автомобил се полни сама од себе — без застанување на полначи и без кабли. Јапонскиот автомобилски гигант Хонда, во соработка со градежните компании Taisei Corporation и Taisei Rotec, работи на остварување на овој концепт.

Новата технологија се заснова на систем за безжично полнење преку магнетна врска, интегриран директно во самиот пат. Овој систем во иднина би можел да го реши еден од најголемите проблеми на електричните возила — губењето време на полначи и потребата од чести паузи, особено капацитети за камиони и логистички возила кои поминуваат долги релации.

Како функционира технологијата?

Под површината на патот се вградуваат специјални намотки кои создаваат магнетно поле. Возилата опремени со соодветен приемник ја претвораат оваа енергија во електрична струја за полнење на батеријата додека се во движење.

Главната иновација на Хонда е спојувањето на инвертерот и намотката во една единствена единица, што е прв таков систем во светот. Ова драстично го намалува бродот на потребни компоненти и ја олеснува инсталацијата, овозможувајќи технологијата да се вградува во веќе постојните патишта без потреба од изградба на нови ленти.

Издржливост за камиони од 20 тони и полнење од 150 kW

Пред да се појави на јавните патишта, системот мора да помине ригорозни тестови за издржливост. Досегашните тестирања во Јапонија покажаа дека коловозот со вградени елементи може без проблем да го издржи товарот на тешки возила до 20 тони.

Кон крајот на 2026 година се планирани уште поинтензивни тестови со милион циклуси на оптоварување (со притисок од 5 тони по тркало) за да се симулира повеќегодишна експлоатација. Крајната цел е да се овозможи полнење со моќност до 150 kW, дури и при високи брзини на автопат.

Прво тестирање на јавен автопат во 2027 година

Доколку сите безбедносни и механички тестови бидат успешни, првата реална примена на оваа технологија ќе се случи во текот на 2027 година на тест-делница од 300 метри на автопатот E14 Tateyama во Јапонија.

Системот најпрво ќе биде наменет за комерцијални камиони и доставни возила, а доколку се покаже како економски и технички оправдан, во иднина ќе биде достапен и за сите патнички електрични автомобили.