Повеќе од 3200 нарачки за летечкиот автомобил Alef

Компанија од Калифорнија најави дека наскоро ќе започне со производство на првиот летечки автомобил.

Alef Aeronautics го претстави летечкиот автомобил Alef Model A претходно оваа година, што предизвика огромен интерес. Тие сега објавија дека досега добиле над 3200 нарачки за овој модел чија почетна цена е околу 300.000 американски долари.

PUCARA Aero и MYC со искуство во производство на воздушни делови за Boeing и Airbus започнаа заедничко вложување и потпишаа договор за производство на делови за Alef. Првите примероци на овој летечки автомобил треба да бидат произведени до крајот на следната година, пренесуваат информативните агенции.

Калифорниската фирма поддржана од Space X на Илон Маск (Elon Musk) го претстави својот прв автомобил претходно оваа година – Model A. Тоа е двосед кој функционира како електричен автомобил опремен со четири електрични мотори во режим на пат.

Во подот под каросеријата во форма на саќе има осум пропелери. Во режим на авион, кабината се ротира за 90 степени, така што предниот и задниот дел на возилото делуваат како крило. Според најавите на производителот, автомобилот треба да може да помине до 320 километри на пат и до 180 километри во воздух.

Одделно, Алеф работи на автомобил со четири седишта, Model Z, кој треба да биде лансиран до 2035 година по цена од само 35.000 долари.





НАЈНОВИ