Почина Бруно Сако, легендарниот дизајнер на Меrcedes

Бруно Сако (Bruno Sacco), еден од најпопуларните италијански дизајнери на автомобили на сите времиња, чие име е нераскинливо поврзано со Меrcedes, почина на 91-годишна возраст…

Роден во Удине во 1933 година, тој се приклучил на дизајнерскиот центар на Меrcedes во 1958 година, откако работел во Гиа (Ggia) и Пининфарина (Pininfarina).

Тој остана во Штутгарт до неговото пензионирање во 1999 година, каде што беше шеф на дизајн во Меrcedes од 1975 година, давајќи им живот на некои од најпознатите модели на компанијата.

Меѓу раните дела на Сакo, можеби најважното се однесува на Меrcedes SL „Pagoda “ -113 од раните 1960-ти, како и Меrcedes 600.

Голема пресврт се случи во 1975 година со назначувањето на Сакo за шеф на Мercedes Design, улога што Бруно ќе ја извршува до 1999 година. Меѓу најважните дела, не можеме да не ја споменеме пред сè Mercedes G-Class, култ –патно – off road возило родено 1979 година. Сепак, Mercedes 190 од 1982 година (произведени речиси 1,9 милиони единици), го направи Сака најгорд.

„Baby Mercedes “ -подоцна стана C Class. Има и Мercedes А-Class од 1997 година, со погон на предните тркала и груб старт поради неуспешен тест за избегнување на пречки ( попзнат како тест на северниот елен – Лос).

Mercedes SLK и CLK исто така се родени под водство на Бруно, како и Mercedes E-Class од 1996 година (серија W 210).





НАЈНОВИ