Поголемата потрошувачка на гориво не мора секогаш да значи сериозен дефект – често причината е едноставна и евтина за решавање, дури и за само неколку стотини денари.
Најчестите виновници се:
-
Премал притисок во гумите. Ако гумите се меки, автомобилот троши повеќе гориво поради зголемен отпор при движење.
-
Запушен филтер за воздух. Кога моторот не добива доволно воздух, смесата станува побогата и потрошувачката расте и до 10%.
-
Кочници што „влечат“. Ако тркалото не се врти слободно поради заглавена кочница, моторот мора да работи посилно.
-
Неправилно моторно масло или проблем со системот за ладење. Старо или несоодветно масло, како и дефектен термостат, можат да ја зголемат потрошувачката и до 15%.
-
Квар на сензори или системот за вбризгување. Проблем со ламбда сондата, сензорот за воздух или валкан инјектор често предизвикува неефикасно согорување.
-
Запушен EGR вентил. Ако системот за поврат на издувни гасови не работи правилно, моторот троши повеќе гориво.
За почеток, проверете го притисокот во гумите, исчистете или заменете го филтерот за воздух и следете дали некоја кочница „држи“. Малите поправки можат да ја вратат нормалната потрошувачка и да го продолжат векот на вашиот автомобил.