Пежо 408 доби освежување и сега изгледа уште поатрактивно

Францускиот производител Пежо го претстави освежениот **408**, еден од најстилските модели во својата понуда, кој доби посовремен и поизразен изглед, како и технолошки подобрувања.

Најголемите промени се забележуваат на предниот дел, со нов светлосен потпис и редизајнирана маска, како и на задниот дел каде сега се наоѓа осветлениот натпис „Peugeot“. Освежени се и тркалата, а во понудата е додадена и нова боја на каросеријата.

Во внатрешноста има подобрени материјали и унапреден дигитален инструмент-панел, додека централниот екран останува со модерен инфо-забавен систем. Моделот ќе биде достапен со повеќе погонски опции, вклучувајќи бензински, хибридни и целосно електрични верзии.

Освежениот Peugeot 408 се очекува наскоро да пристигне на европските пазари и останува еден од најинтересните избори во својата класа, комбинирајќи динамичен дизајн, практичност и современа технологија.

 

НАЈНОВИ