Германскиот производител Порше призна дека направил погрешна проценка со одлуката новиот Macan да биде достапен исклучиво како целосно електричен модел. Иако електрификацијата беше планирана како клучен чекор во идната стратегија на брендот, побарувачката за електричниот Macan се покажа послаба од очекувањата, особено на одредени пазари.
Во Порше истакнуваат дека купувачите сè уште имаат силен интерес за бензински и хибридни SUV модели, што ги натера челниците на компанијата да ја преиспитаат својата насока. Како резултат, брендот веќе работи на нови модели кои повторно ќе понудат мотори со внатрешно согорување и хибридни решенија, со цел подобро да одговори на пазарните барања.
Ова признание покажува дека дури и премиум производителите се соочуваат со предизвици при преминот кон електрична мобилност и дека флексибилноста во понудата останува клучна за успехот.