Празниот акумулатор е чест проблем, особено во зима или по подолго мирување на возилото. Иако „палењето на кабли“ изгледа едноставно, механичарите предупредуваат дека погрешно спојување на клемите може да предизвика сериозни дефекти, па дури и искрење или оштетување на електрониката.
Затоа е клучно да се следи точниот редослед при поврзување. Основното правило е – прво се спојува плусот, а минусот никогаш директно на празниот акумулатор.
Правилен редослед на спојување:
Црвениот кабел се поврзува на плус (+) пол на празниот акумулатор
Другиот крај од црвениот кабел оди на плус (+) на исправниот акумулатор
Црниот кабел се поврзува на минус (–) на исправниот акумулатор
Другиот крај од црниот кабел се става на метален дел (маса) на автомобилот со празен акумулатор, а не директно на минус пол
Овој последен чекор е особено важен бидејќи го намалува ризикот од искрење во близина на батеријата.
Откако ќе се поврзат каблите, се стартува автомобилот што помага, а потоа се обидува палење на возилото со празен акумулатор. Доколку не запали веднаш, треба да се почека и да се проба повторно.
Важно при одспојување:
Каблите се вадат по обратен редослед – прво црниот, па црвениот кабел.
Најчести грешки:
мешање на плус и минус
директно поврзување на минус на празниот акумулатор
користење оштетени или неквалитетни кабли
непочитување на упатствата од производителот
Експертите советуваат дека кај понови автомобили, особено хибриди и електрифицирани модели, треба да се внимава уште повеќе, бидејќи нивната електроника е чувствителна.