VW го покажа тркачкиот Golf R

Целта на проектот за тркачкиот Golf R е да се натпреварува догодина на престижниот настан 24h Nürburgring.

Бидејќи моделот ќе користи одржливо гориво (e-fuel), тој во екстремни услови ќе ги тестира неговите еколошки граници. Иако е еколошки ориентиран, моторот нема да прави компромиси со моќноста, задржувајќи го карактерот што го имаат R моделите.

Спецификациите за тркачката верзија предвидуваат моќност од околу 340 коњски сили, испорачани од познатиот 2-литарски турбо бензинец. Инженерите на Volkswagen работат и на посебен систем за ладење со чија помош моторот ќе го издржи бруталниoт напор на „Зелениот пекол“.

Дизајнот е драстично поагресивен од неговата стандардна верзија и вклучува поширока каросерија, огромен заден спојлер и напреден дифузор.

Внатрешноста добива заштитен кафез, тркачко седиште со шест точки на прицврстување и минимален дигитален дисплеј кој ги прикажува податоците за телеметријата и состојбата на моторот.

Проектот не претставува само тркачки потфат, туку јасна порака дека Volkswagen не се откажува од класичните перформанси на моторите со внатрешно согорување и покрај транзицијата кон електрични возила

НАЈНОВИ