Почетна Актуелно BMW произведе...

BMW произведе милионитиот модел M, но сите очи се вперени во новиот електричен M3

7

Јубилејниот автомобил е M3 во специјална портокалова боја, но вистинското внимание го привлече прототипот на идниот целосно електричен M3 со четири електромотори.

BMW M одбележа голем јубилеј – од фабриката во Минхен излезе милионитиот автомобил со ознаката M. За оваа посебна пригода избран е M3 во ексклузивната боја.

Јубилејниот примерок е произведен во фабриката во Минхен, а автомобилот беше претставен како симбол на повеќе од пет децении историја на BMW M. Одделот BMW M е основан во 1972 година, а првиот M3 се појави на пазарот во 1980-тите.

Но, поголемата вест е новиот M3

Иако портокаловиот M3 го одбележа милионитиот произведен M автомобил, BMW паралелно ги покажа и најновите фотографии од целосно електричниот M3.

Новиот модел ќе биде еден од најважните автомобили во историјата на BMW M, бидејќи за првпат легендарниот M3 ќе добие целосно електричен погон. Според досега објавените информации, автомобилот ќе користи четири електромотори – по еден за секое тркало.

BMW сè уште не ги откри конечните бројки за моќноста, но се очекува новиот електричен M3 да располага со околу 700 до потенцијално 1.000 КС.

Тоа би го ставило меѓу најмоќните спортски електрични автомобили во својата класа.

Дизајнот останува препознатливо M

Прототипот е камуфлиран, но веќе може да се забележат големи промени во однос на актуелниот M3.

BMW задржува дел од агресивните елементи од концептот M Neue Klasse, но серискиот автомобил има нешто поконвенционален изглед. Забележливи се проширените крила, поагресивниот преден дел, специфичните светлосни елементи, вентилациски отвори на хаубата и мал заден спојлер.

Од 2027 година нова ера во Минхен

Промените не се однесуваат само на M3. BMW планира фабриката во Минхен од 2027 година да произведува исклучиво целосно електрични автомобили.

Во модернизацијата на фабриката се инвестираат околу 650 милиони евра, а производството на електричниот i3 веќе започна во август 2026 година. Токму во Минхен ќе се произведува и идниот електричен M3

Така, милионитиот M3 со класичен погон станува симбол на досегашната историја, додека камуфлираниот електричен M3 го најавува следното поглавје на BMW M.