Почетна Актуелно Дебитираше ел...

Дебитираше електричниот Tiguan: 299 КС и домет до 600 км

4

Volkswagen ID. Tiguan доаѓа како директна замена за моделите ID.4 и ID.5. Новиот електричен SUV носи нов дизајн, батерии од 58 и 77 kWh, повеќе физички команди во внатрешноста и почетна цена во Европа од 42.695 евра.

Volkswagen го претстави новиот електричен SUV кој ја користи унапредената MEB+ механичка платформа и ќе биде достапен со заден погон или со погон на сите четири тркала.

Перформанси и батерии

  • Основен модел: Има батерија од 58 kWh и електромотор со 190 КС. Може да влече приколка до 1.800 килограми.

  • Посилна верзија (заден погон): Развива 286 КС со батерија од 77 kWh.

  • Верзија со погон на четири тркала: Располага со 299 КС и истата батерија од 77 kWh. Верзиите со поголема батерија можат да повлечат до две тони.

Од компанијата наведуваат дека максималниот домет може да достигне до 600 килограми според WLTP циклусот.

Повеќе физички команди во внатрешноста

Дизајнот донесува сосема нов изменуван стил во споредба со претходниците ID.4 и ID.5, со нова светлосвна лента и LED графика напред и позади.

Во кабината, Volkswagen одговори на критиките на купувачите: наместо чувствителни додирни површини, вратени се физичките копчиња за темпоматот и аудио-системот, како и девет класични команди за климатизацијата.

Дигиталната инструмент-табла сега е целосно интегрирана во контролната табла, а достапни се и поголем мултимедијален екран, опцион екран за сопатникот, како и богата дополнителна опрема (масажни седишта, Harman Kardon систем, панорамски кров и поддршка за дигитален клуч преку телефон).

Цена и достапност

Претпродажбата во Европа започнува на 13 октомври по почетна цена од 42.695 евра, додека првите испорки се очекуваат на почетокот на следната година.