
Разликата во трошоците за производство е толку голема што европските царини не можат целосно да ја надоместат, покажуваат најновите анализи.
Кинеските производители можат да направат електричен автомобил и до **9.800 евра поевтино** од европските конкуренти, покажува анализата на консултантската куќа *AlixPartners*. Поради оваа огромна разлика, тие остануваат конкурентни на европскиот пазар дури и покрај дополнителните царини и намети.
Како што пренесува *Automotive News Europe*, производителите како [BYD], [MG] и [Geely] успеваат да ја задржат значајната предност во ценовната конкуренција при увозот на возила во Европската унија. Оваа тема е во фокусот и поради неодамнешниот Саем на автомобили во Париз, каде што бројот на кинески излагачи е двојно зголемен во однос на претходните години.
Ваквата разлика во трошоците претставува сериозен предизвик за европските производители, кои се обидуваат да го зачуваат својот пазарен удел, а истовремено да понудат електрични автомобили по цени што се достапни за поширок круг купувачи.