Почетна Актуелно Не е ни чудо ...

Не е ни чудо што се поевтини: Еве колку кинеските производители заштедуваат на еден автомобил

1

Разликата во трошоците за производство е толку голема што европските царини не можат целосно да ја надоместат, покажуваат најновите анализи.

Кинеските производители можат да направат електричен автомобил и до **9.800 евра поевтино** од европските конкуренти, покажува анализата на консултантската куќа *AlixPartners*. Поради оваа огромна разлика, тие остануваат конкурентни на европскиот пазар дури и покрај дополнителните царини и намети.

Како што пренесува *Automotive News Europe*, производителите како [BYD], [MG] и [Geely] успеваат да ја задржат значајната предност во ценовната конкуренција при увозот на возила во Европската унија. Оваа тема е во фокусот и поради неодамнешниот Саем на автомобили во Париз, каде што бројот на кинески излагачи е двојно зголемен во однос на претходните години.

Ваквата разлика во трошоците претставува сериозен предизвик за европските производители, кои се обидуваат да го зачуваат својот пазарен удел, а истовремено да понудат електрични автомобили по цени што се достапни за поширок круг купувачи.