Почетна Актуелно Мерцедес судр...

Мерцедес судри бензински и електричен ЦЛА: Резултатот е врвен за двете верзии

44

Мерцедес-Бенз изведе несекојдневен и редок креш-тест со цел да ја демонстрира врвната безбедност на новата генерација возила, директно судирајќи го бензинскиот CLA Shooting Brake со целосно електричната лимузина CLA.

Безбедноста на автомобилите бележи значаен напредок, а германскиот производител одлучи тоа да го покаже во пракса со симулирање на класичен бочен судир на раскрсница. Додека автомобилската индустрија вообичаено користи тешки колички за тестирање на удари, овој тест вклучувал две возила во движење, што дава многу прецизен увид во однесувањето на двата модели.

Што се случило за време на судот?
Двете возила се движеле со брзина од 56 km/h. Кога предниот дел од бензинскиот CLA го удрил страничниот дел од електричната лимузина, неговата зона на гужвање го апсорбирала поголемиот дел од енергијата, додека во кабината веднаш се активирале предните и страничните воздушни перничиња.

На погодената лимузина најголемиот товар го преземале вратите, стаклата попуштале, а се отвориле и воздушни перничиња, вклучувајќи го и средниот воздушен перниник меѓу возачот и сопатникот.

Интелигентни решенија и автоматски системски реакции
Новиот CLA користи кваки кои се влечат од каросеријата (решение кое во моментов е актуелно поради регулативите во одредени региони). Во овој случај, кваките автоматски се извлекле веднаш по судот, а страничните прозорци се отвориле самостојно.

Исто така, високонапонската батерија на електричниот модел автоматски се исклучила и се одвоила од погонскиот систем, додека кај бензинецот системот за гориво се деактивирал со цел целосно да се спречи ризик од пожар.

Одлични резултати за сите патници
Според податоците од тестот, кај сите осум користени тестови лутки (dummies), сите мерења останале под биомеханичките граници, што укажува на исклучително низок ризик од сериозни повреди.

Овој тест не само што потврдува висока заштита при бочен судир, туку дава и интересен увид во тоа како комуницираат и се однесуваат возилата со класичен мотор со внатрешно согорување и оние со електричен погон кога ќе се најдат во несреќа.