
Во кинескиот град Вуху свечено беше отворен iCAUR International User Summit 2026 под мотото „Classic Never Fades | Make It Yours“. Овој петдневен глобален настан обедини над 500 претставници, партнери и медиуми од целиот свет, со цел да ги прикаже најновите технолошки достигнувања, трендовите во персонализацијата на возилата и соработката со крајните корисници.
Светска премиера на моделот V25
Најзначаен момент на самитот беше официјалната светска премиера на новиот iCAUR V25, кој веднаш тргна во глобална продажба. Со овој модел, покрај веќе познатите V23 и V27, комплетно се заокружува серијата V и препознатливата филозофија на дизајн наречена Future Classic Design.
Како што беше најавено, моделот V27 со продолжен домет (extended range) на европскиот пазар треба да пристигне до крајот на оваа година, додека целосно електричниот модел V25 (BEV) се очекува на пролет, односно во мај 2027 година.
За време на настанот, д-р Су Џун, потпретседател на Chery Automobile, истакна дека развојот на моделот V25 се потпира на три основни начела: суздраност, способност и слобода.
Персонализација и нови изведби
iCAUR посветува посебно внимание на желбите на возачите – податоците покажуваат дека дури 50 отсто од сопствениците ширум светот ги персонализираат своите возила. На самитот беа претставени три специјални изведби:
V23 Forge – со урбан и мишичест карактер,
V25 Game Changer – инспириран од видеоигрите,
V27 Sun Roam – со ретро естетика инспирирана од теренците од 1980-тите.
Претставени беа и 20 уникатни возила создадени во директна соработка со самите корисници, а брендот планира до 2027 година да биде присутен на над 70 пазари ширум светот.
Меѓународни признанија и ширење на заедницата
Успехот на брендот веќе е потврден со бројни награди. Моделот V23 ја освои престижната награда Red Dot Design Award за 2026 година со над 100.000 продадени примероци, додека V27 ја доби наградата за најдобар дизајн на ентериер на Torino Automotive Design Award (TADA).
Извршната директорка на iCAUR International, Рона, нагласи дека влезот на пазарот е само почеток, а вистинскиот долгорочен раст доаѓа од постојаното слушање и разбирање на потребите на возачите. Во таа насока, брендот досега има формирано клубови на корисници во девет земји, а за 2027 година најавува и глобална иницијатива за меѓусебно поврзување на купувачите од различни пазари.