Почетна Актуелно Кинезите пока...

Кинезите покажаа летечки автомобил кој влегува во масовно производство: Веќе имаат над 7.000 нарачки

4

Кинескиот производител на автомобили Xpeng во своето седиште во Гуангжу демонстрираше лет на необично возило кое наскоро треба да стигне до првите купувачи.

Станува збор за моделот Land Aircraft Carrier, кој го развива компанијата Aridge (ранeшно име Xpeng AeroHT). Според извештаите на Reuters, леталато полетало над комплексот на компанијата, по што новинарите имале можност одблизу да го разгледаат по слетувањето.

Летала скриена во багажникот
Иако производителот го нарекува „летечки автомобил“, Land Aircraft Carrier всушност се состои од две посебни возила:

Голем комби со шест тркала за возење по пат.

Компактно електрично летало сместено во неговиот заден багажен простор.

Идејата е сопственикот со патничкото возило да стигне до локација каде што е дозволено летање. По паркирањето, леталото автоматски излегува од багажникот, а целиот процес на одвојување или повторно спојување трае помалку од пет минути. Копненото возило воедно служи како мобилен хангар и станица за полнење на батериите на леталото.

Системот овозможува рачно и автоматизирано управување, како и авто-полетање, лебдење и слетување. Леталото има капацитет за превоз на две лица.

Производство на секои 30 минути
Xpeng изгради специјална фабрика во Гуангжу која се простира на околу 120.000 квадратни метри. Пробната линија започна уште во ноември 2025 година, а изградбата на сериските примероци интензивно се тестира.

Почетниот капацитет на фабриката е 5.000 летала годишно, со план за дуплирање на 10.000 примероци. При полн капацитет, од производната лента ќе слегува по едно летало на секои 30 минути.

Цена од 270.000 евра и над 7.000 преднарачки
И покрај високата цена, интересот е исклучително голем. Мајкл Ду, финансиски директор на Xpeng, потврди дека компанијата веќе собрала повеќе од 7.000 преднарачки од целиот свет. Најголем дел од купувачите доаѓаат од Кина и од Блискиот Исток.

Цената на овој систем изнесува околу 300.000 долари (приближно 270.000 евра). Освем за рекреативни летови, Xpeng гледа потенцијална примена и во туризмот, спасувачките операции и јавните служби.

Испорака во 2027 година и планови за Европа
Леталото веќе ги помина квалификациските тестови во екстремни временски услови, силен ветер, дожд и на различни надморски височини, а моментално се финализира процесот на сертификација во Кина. Почетокот на масовното производство и комерцијалните испораки се очекуваат во текот на 2027 година.

Xpeng како потенцијални меѓународни пазари ги истакнува Блискиот Исток, Југоисточна Азија и Европа. Сепак, за пристигнување на европските патишта и небо ќе биде потребно претходно да се усогласат законските регулативи и да се обезбеди соодветна инфраструктура за полетање и слетување.