Почетна Автомото Зашто се зама...

Зашто се замаглуваат стаклата во автомобилот и како трајно да го решите овој проблем?

15

Со доаѓањето на поладните денови, речиси сите возачи се соочуваат со добро познатиот проблем – замаглени стакла во автомобилот, пренесува Index Auto. Доволно се само неколку минути за ве Vetrobranskoto staklo да се прекрие со слој влага и значително да ја намали видливоста.

Иако греењето привремено го решава проблемот, неговото постојано повторување укажува на тоа дека главен виновник не е вентилацијата, туку вишокот влага во самата кабина.

Влагата најчесто ја внесуваме самите – преку мокри обувки, чадори и облека. Таа се таложи на патосниците и седиштата, а потоа постепено испарува. Кога топлиот воздух исполнет со влага ќе дојде во допир со ладните стакла, водената пара се кондензира и создава замаглен слој.

Текстилните патосници се најголемиот извор на влага
Германскиот автомобилски клуб ADAC истакнува дека задржувањето на влагата во кабината е клучниот фактор. Особено проблематични се текстилните патосници кои впиваат голема количина вода и потоа се сушат со денови, постојано испуштајќи влага во воздухот.

Како најбрзо да ги одмаглите стаклата?
Кога стаклата се веќе замаглени, најбрзото решение е:

Насочете силен млаз топол воздух директно кон шофершајбната.

Вклучете го клима-уредот – неговата примарна функција во зимски услови е да го исуши воздухот во кабината.

Исклучете ја рециркулацијата на воздухот за да овозможите влез на свеж надворешен воздух. Доколку воздухот кружи само внатре, влагата од дишењето дополнително ќе ја влоши состојбата.

Повеќето модерни автомобили имаат и посебно копче за одмаглување кое автоматски ги оптимизира овие поставки. Важно е да се знае дека на екстремно ниски температури компресорот на климата може да не се вклучи, па тогаш главната улога ја преземаат греењето и свежиот надворешен воздух.

Отстранете го изворот на влага, а не само последицата
Ако стаклата постојано се замаглуваат, мора да се отстрани изворот на проблемот:

Исушете ги патосниците: Извадете ги мокрите текстилни патосници и целосно исушете ги надвор од автомобилот (или заменете ги со гумени во текот на зимата).

Проверете ги подните теписи: Водата може да помине низ патосницата и да се задржи во подлабоките слоеви на тепихот.

Проверете ги дихтунзите и одводите: Доколку подот е влажен секогаш на исто место, можно е да пропуштаат истрошените гумени дихтунзи на вратите/багажникот или затнатите одводни канали за дождовница.

Важноста на чистите стакла за безбедноста
На валкана површина (масна од прашина или остатоци од средства за чистење) влагата многу полесно се кондензира. Zatoa е важно редовно да ја чистите внатрешната страна на стаклата со соодветно средство и микрофибер крпа.

Бришењето на стаклото со рака или ракавица остава масни траги кои ноќе, поради светлата од возилата што доаѓаат во пресрет, создаваат опасен одблесок.

Доколку стаклата ненадејно се замаглат за време на возењето, веднаш намалете ја брзината и активирајте го системот за одмаглување. Доколку видливоста не се подобри брзо, најбезбедно е да се исклучите од сообраќајот.

Кога проблемот е од техничка природа?
Честото замаглување при суво време може да биде знак за дефект. Доколку во кабината почувствувате слаткаст мирис на антифриз (расладна течност) или забележите влага на подот без јасна причина, можно е да станува збор за истекување од радијаторот за греење, што бара итна посета на автомеханичар.