ABT Audi RS6 & RS7 Legacy Edition

ABT Sportsline ја надополни понудата за своите модифицирани Audis RS6 Avant и RS7 Sportback, овде во ограничено Legacy Edition издание ( во само 200 примероци)…

Овие автомобили се во комплет со аеро каросерија (aero body kit) од јаглеродни влакна (меѓу другото преден спојлер, странични прегради, заден дифузер, заден спојлер), потоа изменета суспензија, подобрена управливост, спортски издувен систем од не – рѓосувачки челик, 22-инчни ABT алуминиумски тркала, како и префинет ентериер.

Во случајот на караванот, тој доаѓа во комбинација од Shadow Blue кожа и Алкантара. Ова ги вклучува седиштата, воланот, контролната табла, штитниците за сонце и праговите на вратите. Дури и патосниците се направени од сина кожа.

ABT, исто така, претстави неколку други опции за внатрешни работи на својот RS7.

Се одликува со црна кожа и алкантара заедно со светло жолти контрастни шевови.

Постојните сопственици на Audi RS6 и RS7 можат да изберат сопствена комбинација на материјали, бои и акценти во соработка со компанијата. Се нудат многу детали од јаглеродни влакна, а ABT исто така може да гравира одредени делови.

Цените ќе варираат во зависност од избраните материјали.

Конечно, ABT Sportsline го засили  моќниот бензински мотор со работен волумен од 4.0-литри во конфигурација со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V, надграден со двоен twin турбо полнач на моќност од 750 КС и 980 Nm максимален вртежен момент.





НАЈНОВИ