Акциите на кинеските производители на електрични возила главно пораснаа во четвртокот наутро, откако Европската унија најави повисоки царини до 38 отсто за кинеските електрични возила еден ден претходно…
Индексот Ханг Сенг (Hang Seng Index) во Хонг Конг се зголеми за 1,23% на отворено, главно поттикнат од добивките во акциите на електрични возила.
BYD, кој беше најголем добитник на HSI, скокна за 8% во утринската трговија. Додека пак Geely поскапе за околу 4%, а акциите на Nio и Li Auto пораснаа за 1,75% и 2,67%, соодветно.
Државниот SAIC падна за повеќе од 2%.
Еден аналитичар истакна дека царините на ЕУ се „скромни“ во споредба со американските тарифи за кинеските електрични возила.