Arcfox Alpha S5

Arcfox (подбренд на кинеската компанија BAIC) го прикажува новиот електричен седан Alpha S5, со кој меѓу другото планира да му конкурира на BYD Seal…

Автомобилот е долг 4820 mm, широк 1930 mm и висок 1480 mm, додека меѓуоскиното растојание е 2900 mm.

Тркалата се со големини од 18 или 19 инчи, а во зависност од верзијата ќе биде достапен и контрастен, сјаен црн покрив.

Внатрешноста има централен екран од 15,6 инчи, head-up дисплеј и волан со рамно дно, како и амбиентално осветлување и аудио систем со 15 звучници.

При лансирањето, пристигнуваат три верзии – 560Max, 708Max и 650Ultra, со бројките што го покажуваат опсегот според циклусот CLTC. Максималната брзина на сите верзии е ограничена на 180 km/h.

Основниот 560Max чини 176.800 кинески јуани (пресметано во европска валута околу 22.700 евра), има електрична архитектура од 400 волти и еден електричен мотор на предната оска (252 КС и 360 Nm), а до 100 km/h забрзува за 7 секунди. Капацитетот на батеријата е 65 kWh.

Верзиите 708Max и 650Ultra имаат архитектура од 800 волти и се опремени со батерија од 79,2 kWh.

Верзијата 708Max за 196.800 јуани (25.270 евра) има електромотор со 272 КС и 360 Nm, а 100 km/h достигнува за 6,8 секунди.

Моделот 650Ultra со два електромотори чини 216.800 јуани (27.835 евра), има 530 КС и 690 Nm, а до 100 km/h забрзува за 3,7 секунди.





НАЈНОВИ