Aspark SP600 го собори рекордот за електрични возила

Како што објави Motor1, беше само прашање на време кога некој електричен хипер автомобил ќе го предизвика Rimac Nevera…

Помалку познатиот бренд сега го симна од тронот хрватскиот ѕвер. На 8 јуни, јапонскиот Aspark со новиот SP600 достигна максимална брзина 438,7 km/h со вградениот Racelogic V-Box (за 26,7 km/h подобар од Nevera).

Произведен во Италија од Manifattura Automobili Torino, Aspark SP600 беше доведен до границите на АТР  полигонот во Папенбург (Papenburg). Тоа е истата германска патека каде Nevera го постави претходниот рекорд за максимална брзина во 2022 година и 23 дополнителни рекорди една година подоцна.

Зад воланот на новиот крал на брзината на ЕV беше Марк Басенг (Marc Basseng), 45-годишен Германец, кој исто така постави рекорд во круг на Нирбургринг (Nirburgring) во 2010 година со Pagani Zonda R.

Детали за автомобилот не се откриени, но SP600 е опишан како ново развиено возило, наместо како варијација на претходниот модел Owl (последниот има четири електрични мотори со 1480 kW/2012 КС).

Опишан е како прототип подготвен за производство и е опремен со гуми Bridgestone Potenza Race. Отсуството на странични ретровизори поради поголема брзина со намалување на отпорот јасно укажува дека тоа не е патно легално возило.

M.A.T. го дизајнираше и го изгради автомобилот во Торино, каде што беше подложен на виртуелни и физички тестови, како и на аеро-оптимизација во тунелот за ветер (aerotunel).





НАЈНОВИ