Aston Martin Valiant

Од Aston Martin доаѓа Valiant, нов супер спортски автомобил легален за возење на јавни патишта…

Супер „спортистот“ на четири тркала од Велика Британија,  Valiant е базиран на веќе прекрасното купе Valor.

Останувајќи верен на едиктот на Аston дека големите мотори се она што луѓето го сакаат, тој користи twin (двоен ) турбо V12 мотор кој произведува моќ од 745 коњски сили, поврзан со шест 96) степен мануелен менувач.

Се вели дека е пожешка, поспортска варијанта на Valor дизајнирана за спортски перформанси наместо удобност.

Интересно е и тоа дека идејата е на Фернандо Алонсо( Fernando Alonso) , Формула 1 возачот на Аston, кој барал такво возило.

Valiant е опремен со куп аеродинамични додатоци, вклучувајќи преработен преден дел со голем сплитер, фиксно задно крило и голем заден дифузер. Каросеријата, преобликана за да се подобри протокот на воздух, е целосно направена од јаглеродни влакна.

Има и магнезиумски тркала од 21 инчи, гуми со димензии 275/35 и 325/30, комплет карбон-керамички сопирачки и Multimatic Adaptive Spool Valve (ASV) амортизери.

Веќе напишавме дека 5,2-литарскиот твин-турбо V12 мотор има моќ од 745 КС, нешто повеќе од Valour.

Максималниот вртежен момент е непроменет, односно изнесува 753 Nm, како резултат на ограничувачот на вртежниот момент заради менувачот.

Како и кај Valour, диференцијалот со ограничено лизгање е чисто механичка единица.

Кабината на Valiant е опремена со опрема подготвена за трки која вклучува полу кафез, комплет спортски (тркачки) седишта Recaro Podium и ремени со четири точки.

Внатре има елементи со јаглеродни влакна и алкантара.

Aston Martin ќе произведе само примероци 38 од овие возила, а секое веќе има купувач, односно целата серија е веќе распродадена.

Цените за секоја единица ќе варираат во зависност од опциите, иако просечната цена ќе биде околу 2 милиони британски фунти , односно околу 2,5 милиони американски долари.

Испораките треба да започнат во четвртиот квартал на оваа 2024 година, а Алонсо се очекува да го добие првиот примерок.

Автомобилот ќе го има своето динамично деби на фестивалот на брзина во Гудвуд (Goodwoood Festival of Sped) што ќе се одржи наредниот месец, во јули годинава.





НАЈНОВИ