Не им оди, поточно ме се снаоѓаат многу само во две (важни) ситуации!..
Една нова студија покажа дека автономните возила се побезбедни од возачите, освен во два посебни случаи. Утврдено е дека возачите од крв и месо се побезбедни само кога нивото на светлина е ниско или кога возилото врти, лево или десно. Сега, дали е „само“ или е сериозен проблем?!
Ова се припишува на предизвиците со кои се соочуваат сензорите на автономните возила во овие ситуации. Авторите на студијата, научниците Мохамед Абдел-Ати (Mohamed Abdel-Aty) и Шенгџуан Динг (Shengxuan Ding), ги анализирале податоците за сообраќајните несреќи во Калифорнија од 2016 до 2022 година.
Користејќи ги тие податоци, тие ја споредиле безбедноста на автономните возила со возилата управувани од луѓе, пишуваат специјализираните портали. Според американската Национална управа за безбедност во сообраќајот (NHTSA), 94% од сите сообраќајни несреќи се предизвикани од човечка грешка. За студијата, на истражувачите им беа потребни реални статистички податоци за да добијат добра споредба.
За да се споредат стапките на несреќи, студијата ги анализирала податоците за судирите за 2.100 автономни возила и 35.113 возила управувани од луѓе.
Истражувачите откриле дека автономните возила во повеќето случаи се побезбедни од оние што ги возат луѓе. Со други зборови, тие открија дека автономниот автомобил има помала веројатност да се судри отколку возило управувано од човек во слични услови на возење.
Но, тие открија две сценарија каде автомобилите управувани од луѓе се побезбедни: во зори/самрак и кога се вртат со возилото надесно или налево. Се чини дека причината е тоа што сензорите на автономните возила имале проблеми во услови на слаба надворешна светлина, како што се зајдисонце или изгрејсонце и за време на сложени ситуации на вртење.
– Несреќите кои вклучуваат напредни системи за возење се случуваат почесто од несреќите со возила управувани од луѓе во зори/самрак или во услови на вртење, соодветно 5,25 и 1,98 пати повеќе – додаваат авторите на студијата.
Студијата е објавена во списанието Nature Communications.